Како работиме

Работиме со нашите клиенти за да осигуриме дека ги обезбедуваме советите кој им е потребен по добра вредност. Нашата работа на почетокот е насочена кон разбирање на очекувањата на нашите клиенти така што ќе можеме да изготвиме услуги согласно таквите очекувања. Правејќи го тоа, ние имаме придобивки од нашата значајна инвестиција во обука, приспособен проект и ресурси и технологија за управување со знаењето.

Ние ја разбираме важноста од познавањето на бизнисите и индустријата на нашите клиенти и на усогласувањето на нашето работење во насока на поддржување на нивните деловни цели. Знаеме дека постигнуваме најдобри резултати кога ги интегрираме нашите совети во контекст на деловните императиви со кои се соочуваат нашите клиенти. Нашиот пристап се заснова на тимска работа и соработка со цел ефикасно и ефективно доставување на супериорни правни совети за нашите клиенти.

Нашите вредности

Клиентите на прво место: Нашите клиенти се наш приоритет и нивните интереси се на прво место за нас. Ние инвестираме во разбирање на нивните бизниси и цели и им обезбедуваме навремени, ефикасни и практични совети. Настојуваме да доставиме поголеми вредности од тие кое нашите клиенти ги очекуваат преку работење со нив како дел од еден интегриран тим.

Интегритет: Ние постапуваме чесно, отворено и професионално со нашите клиенти и меѓусебе. Ваквата посветеност на интегритетот е од суштинско значење за нашата сила како фирма и за одржување на угледот на нашите клиенти.

Експертиза и извонредност: Настојуваме кон изнаоѓање на оптималните решенија за нашите Клиенти. Решенија на кои Клиентите може да се потпрат. Ние веруваме дека исклучителната експертиза на нашите луѓе и стандардот на извонредност кон кој сме насочени се во суштината на нашите услуги. Како резултат на тоа, посветени сме кон привлекување и развивање на водечки експерти од областа на правото кои се мотивирани за решавање на проблеми истовремени останувајќи комерцијално свесни, и кои ја препознаваат и извлекуваат придобивки од моќта која доаѓа од работењето во рамките на нашата работна средина фокусирана на клиентите и соработката.

Навремени совети: Веруваме дека реагирањето и навременото обезбедување на услуги се од клучно значење во денешната деловна средина која постојано има некакви барања. Ние реагираме брзо и работиме посветено за да ги исполниме очекувањата на нашите клиенти.

Општествена одговорност

Чувствуваме одговорност да обезбедиме правни совети и помош за заедницата во која го спроведуваме нашиот бизнис. Преку нашата иницијатива за општествена одговорност, бараме начини да го примениме нашето искуство на позитивен начин врз заедницата. Тоа се одразува во нашите односи со нашите клиенти, нашиот персонал и пошироката заедница.

Поддршката за pro bono (бесплатна) активност е една од суштинските вредности на Фирмата. Ние веруваме дека адвокатите имаат должност да посветат дел од нивното време и да му служат на општеството на позитивни начини. Од секој партнер и соработник се очекува да ја поддржи оваа вредност и се поттикнува да се инволвира во pro bono работењето.

Настојуваме да создадеме средина во која сите членови од фирмата ќе можат да го остварат нивниот целосен потенцијал. Посветени сме на обезбедувањето стимулативно, добро балансирано место со поддршка и исполнителност каде нашиот персонал ќе работи. Исто така веруваме дека е наша обврска да ја заштитиме животната средина обезбедувајќи одржлива употреба и отстранување на ресурсите и настојување да се направи тоа преку управување со нашиот синџир на набавки и нашата потрошувачка на ресурсите.

Политика за надоместок

Не се применува политиката за надоместување доколку не обезбедиме победа при автомобилски несреќи и повреди. Нашите надоместоци се одредени врз основа на часовните стапки кои ја одразуваат сложеноста и потребата од време за специфичен проект, како и стажот на адвокатите кои се вклучени. Ние имаме политика на јасно и транспарентно наплаќање. Флексибилни сме во одредувањето на нашите надоместоци и отворени за договори за заокружени или паушални надоместоци, секогаш кога може да се направи веродостојна процена. Детално дискутираме за договор за надоместок откако ќе ги добиеме информациите за проектот и барањата на клиентот. Нашата цел овде е да понудиме одлично правно застапување по разумна цена.

За да дискутираме за ангажирање во специфичен проект или процена на надоместоците, испратете ни меил на contact@gavriloski.com.