Ги разбираме комерцијалните основи за парнична постапки и нивните последици за нашиот клиент. Тоа нè наведува да наоѓаме практични решенија и цврсто да дејствуваме каде што тоа е потребно.

Нашите адвокати го насочуваат нивното разбирање на бизнисот на клиентот за да направат стратегија која ги задоволува конкретните потреби и барања на клиентот.  На нашите клиенти им даваме јасна слика за ризиците и можностите вклучени во судска постапка и го правиме најдоброто за да постигнеме резултат кој има економска смисла за клиентот и неговиот бизнис.

Нашите адвокати редовно се вклучени во парнична постапки за трговски и договорни спорови кои произлегуваат од најразлични бизнис зделки. Ние застапуваме домашни и странски, корпоративни и индивидуални клиенти.

Нашите застапници го опфаќаат целиот спектар на парнична постапки, вклучувајќи толкување и извршување на договори, нелојална конкуренција, проблеми со гаранции, договорни штети и прекршоци, осигурително право итн. Покрај обезбедувањето услуги при парнична постапки, нашите адвокати, исто така, се искусни и во советување и застапување клиенти во постапки за алтернативно решавање спорови: медијација, вонсудско спогодување, посредувања и преговори.

Наши услуги:

  • Медијација
  • Вонсудско спогодување
  • Посредување
  • Преговарање