Ние ги поддржуваме нашите клиенти низ преструктуирањата на бизнисите и се справуваме со најугледните чувствителни и сложени односи со вработените на нашите клиенти и спроведувањето на законите од оваа област.

Веруваме дека вистинскиот пристап кон вработените и нивно менаџирање е клучот до деловен успех. Работиме со нашите клиенти и веднаш одговараме на проблеми на работното место и даваме решенија кои се направени за комерцијалните цели на нашите клиенти, нивни стратегии и култура на нивните друштва.  Ја цениме потребата да одржуваме конструктивни работни односи со сите засегнати страни.

Нашето искуство и специјализирано знаење ги користиме за да предвидиме проблеми и да пронајдеме иновативни решенија.  Кога е можно, помагаме проблемите да ги претвориме во можност.

Имаме историја на помагање клиенти во сите аспекти на односи на работното место, вклучувајќи индивидуални и колективни работни спорови, стимулации, дискриминација, менаџерски догоори, надоместоци и бенефиции за директори и прашања со корпоративно управување.  На нашите клиенти им нудиме комплетен пакет на правни услуги – стратешки развој, советување и застапување.

Имаме големо искуство во парнична постапки во тој поглед и редовно застапуваме клиенти во спорови од работните односи во Република Македонија.

Наши услуги:

  • Советување и подготвување колективни договори, прописи и подзаконски акти на друштвата и акти на работодавачот.
  • Реорганизација и преструктуирање на бизниси
  • Надоместоци и бенефиции за директори
  • Менаџерски договори и регулирање на статус на директори на друштвото
  • Раскинување на индивидуални договори за вработување по сите основи
  • Дисциплинарни постапки
  • Советување за здравје и безбедност при работа и работни услови
  • Застапување во индивидуални и колективни работни спорови