Комерцијалната и корпоративната групна пракса ги води клиентите низ трговски договори, корпоративно управување, генерално советување за друштва, заеднички вложувања, партнерства, преструктуирања и инсолвентност. Нашето разбирање на бизнисите на нашите клиенти и нашите постапки за контрола на квалитет ни помагаат првиот пат и секој пат да ги дадеме вистинските совети.
Ги советуваме нашите клиенти за сите аспекти на корпоративното право, почнувајќи од едноставно формирање друштво до сложени корпоративни преструктуирања.
На нашите клиенти им нудиме практична и комерцијално ориентирана правна експертиза низ процесот на преземање. Нашите адвокати имаат работенo на некои од најзначајните зделки на С&П и приватизација во регионот.
Наши услуги:
- Основање друштво
- Состав на договори
- Советување на директори и членови на одбор
- Групно структурирање
- Корпоративна реорганизација (спојувања, одвојувања, итн.)
- Корпоративно управување
- Длабинска анализа
- Структурирање, преговори и спроведување на зделки
- Реорганизација по преземање
- Договори за заеднички вложувања
- Контрола и усогласеност при спојување