Ние ги поддржуваме нашите клиенти низ преструктуирањата на бизнисите и се справуваме со најугледните чувствителни и сложени односи со вработените на нашите клиенти и спроведувањето на законите од ова област.
Веруваме дека вистинскиот пристап кон вработените и нивно менаџирање е клучот до деловен успех. Работиме со нашите клиенти и веднаш одговараме на проблеми на работното место и даваме решенија кои се направени за комерцијалните цели на нашите клиенти, нивни стратегии и култура на нивните друштва. Ја цениме потребата да одржуваме конструктивни работни односи со сите засегнати страни.
Нашето искуство и специјализирано знаење ги користиме за да предвидиме проблеми и да пронајдеме иновативни решенија. Кога е можно, помагаме проблемите да ги претвориме во можност.
Имаме историја на помагање клиенти во сите аспекти на односи на работното место, вклучувајќи индивидуални и колективни работни спорови, стимулации, дискриминација, менаџерски догоори, надоместоци и бенефиции за директори и прашања со корпоративно управување. На нашите клиенти им нудиме комплетен пакет на правни услуги – стратешки развој, советување и застапување.
Имаме големо искуство во парнична постапки во тој поглед и редовно застапуваме клиенти во спорови од работните односи во Република Македонија.
Наши услуги:
- Советување и подготвување колективни договори, прописи и подзаконски акти на друштвата и акти на работодавачот.
- Реорганизација и преструктуирање на бизниси
- Надоместоци и бенефиции за директори
- Менаџерски договори и регулирање на статус на директори на друштвото
- Раскинување на индивидуални договори за вработување по сите основи
- Дисциплинарни постапки
- Советување од областа на безбедност и здравје при работа
- Застапување во индивидуални и колективни работни спорови